Два воза се судриле во североисточна австрија, соопштија тамошните власти, при што повредени се дваесетина лица.
– Несреќата се случи околу 18 часот по локално време, во близина на градот Критцендорф, изјави портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер.
Засега нема информации за причината за несреќата во која што два вагони излетале од шините и се превртеле, а третиот е навален на едната страна.