Два регионални воза денеска излетаа од шините во северозападна Швајцарија и неколку патници се повредени во два одвоени инциденти на оддалеченост од неколку десетици километри и на дваесетина минути еден од друг, соопшти полицијата на кантонот Берн.
Првиот воз тргнал во 16:30 часот на линијата меѓу Лишерц и Биен, а вториот дваесет минути подоцна во близина на Бурен зум Хоф, изјави портпаролката на полицијата Флурина Шенк. На местото на несреќата сè уште работат службите за итна помош – полиција, брза помош и пожарникари.
Има повреди и во двете лизгања, рече портпаролката. Полицијата не можеше да ги објасни причините за излетувањето на возот од шините северно од швајцарската престолнина. Можна причина се силните ветрови.
Најсилните налети на ветерот обично се придружени со обилни дождови и бури. MétéoSuisse предупреди во текот на утрото на можноста за ветрови со брзина од 80 до 110 километри на час во низините и од 100 до 140 километри на час во планинските области.