Два напади со самострел во Лондон

Од:

Во Лондон во рок од 10 дена се случија два напади со самострел, а полицијата верува дека случаите се поврзани и дека напаѓачот е истиот.

Најпрво една жена (44) била застрелана со стрела во главата додека поминувала улица во Шоредич вечерта на 4 март.

Потоа, на 14 март, маж (20) бил погоден во вратот од стрела во близина на улицата Арнолд Циркус, 60 метри од местото каде што се случил првиот напад, исто така во вечерните часови, објави Скај њуз.

Двете жртви ја напуштиле болницата и не се верува дека имаат долгорочни здравствени ефекти, соопшти полицијата.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот, а повеќе полицајци во текот на викендот ќе бидат испратени во областа за подобра заштита.

Би можело да ве интересира

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он