Два дена ЕУ самит за нафтеното ембарго врз Русија, Унгарија кочи

Од:

Попладнево започнува вонредниот лидерски самит на ЕУ, главни теми се иднината на европската одбрана и шестиот пакет санкции врз Русија, во кој се наоѓа и ембаргото врз нафтата, со мали шанси за пробив, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ цел викенд и цела измината недела интензивно се состануваа да се обидат да најдат компромис, но според последните информации добиени од дипломатите во Брисел, нема напредок во ставот на Унгарија. Унгарската влада смета дека ембарго врз руската нафта за Будимпешта ќе нанесе поголема штета врз неа отколку врз Москва бидејќи Унгарија нема излез на море и е целосно зависна од нафтоводот Дружба кој превезува нафта преку Украина во Унгарија, но и Чешка и Словачка.

Последните разговори се движеле во насока на изземање на овој нафтовод од шестиот пакет санкции, но ниту за оваа опција нема консензус, бидејќи во тој случај останатите земји на ЕУ кој би вовеле целосно ембарго би биле казнети.

Амбасадорите на ЕУ уште еднаш се состануваат и утрово во Брисел пред да пристигнат шефовите на држави и влади. Дипломатските претставници сметаат дека со оглед на тоа дека нафтата е пред сѐ техничко прашање, најголем дел од проблемот треба да се реши на техничко ниво наместо политичко, велат во Брисел.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, минатата недела побара воопшто да не се разговара за нафтата на овој самит, и да се задржи фокусот на иднината на одбраната на ЕУ и нејзината “стратешка автономија“. Темата нема да може да се отстрани од дневен ред со оглед на итноста на прашањето, но мали се шансите да се постигне политички договор овие два дена.

Следниот лидерски самит на ЕУ ќе се одржи за помалку од еден месец, надежта е дека до тогаш ќе се постигне поголем напредок за да се донесат конкретни одлуки.

Идниот месец на маса ќе биде и кандидатурата за членство во ЕУ на Украина, Молдавија и Грузија, тема за која исто така нема консензус во ЕУ. Бројни земји членки истакнаа дека процесот на смее да ги засени Северна Македонија и Албанија кои со години се во чекалницата. Други земји на ЕУ стравуваат и од “тројански коњ“ на Русија во ЕУ, бидејќи сите овие три земји аспиранти за ЕУ на својата територија имаат сепаратистички области под контрола на Москва.

Во меѓувреме Берлин и Париз овој викенд повторно ги отворија каналите на комуникација со рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ