Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Од:

Основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров, денеска во првата изјава по апсењето во Париз рече дека помогнал во борбата против тероризмот во Франција, односно во создавањето „жешка линија“ меѓу апликацијата и Париз.

Дуров ги нарече „неверојатни“ прашањата поставени од француските власти за време на сослушувањето, пренесе РИА Новости.

„Доколку некоја земја не е задоволна од онлајн услугата, сегашната практика е да поднесе тужба против самата услуга. Користење на закони донесени во деновите пред постоењето на паметните телефони за кривично гонење на извршниот директор (на онлајн услуга) за злосторства извршени од трети лица на платформата што ја контролира, претставува погрешен пристап“, рече Дуров во пораката објавена на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Телеграм оствари профит од над 540 милиони долари

А1он

Телеграм ја прилагоди својата политика за приватност за да сподели повеќе податоци со властите

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Дуров остана без своите пасоши

Горан Наумовски

На Дуров му е забрането да ја напушти Франција: Одредена му е кауција од пет милиони евра

Шефот на Телеграм Дуров останува во притвор во Франција

Катерина Ѓуровски