Думата ги замрзна правните постапки против учесниците во војната со Украина

Од:

Државната дума денеска на трето и последно читање го усвои предлог-законот со кој се замрзнуваат правните постапки против мобилизираните и доброволците кои учествуваат во воените дејствија.

Мерката е донесена во екот на тековната руска агресија врз Украина.

Со текстот се утврдува унифициран список на основи за замрзнување на судски постапки и извршни постапки. Списокот вклучува, особено учество во борбени операции како дел од руската армија и други вооружени формации, учество во антитерористички операции, извршување задачи за време на прогласена вонредна или воена состојба и во услови на вооружени конфликти.

Постапките ќе биде замрзната и доколку осомничениот отслужи воен рок како мобилизиран или доброволец.

Сепак, извршните постапки нема да се замрзнат во случаите за плаќање издршка за малолетни деца и за надомест на штета во случај на смрт на лицето со кое живее соодветното дете.

Според законот, банките привремено ќе ја одложат наплатата на долговите на учесниците во војната со Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, за која се предвидени и други финансиски олеснувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија