Дуда со предлог за заминување на руските војници: Прв ќе се јавам кај Зеленски да не ги бомбардира додека се повлекуваат

Од:

Претседателот на Полска Анджеј Дуда одржа прес-конференција во Киев пред која се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, а посебно внимание на јавноста привлече изјавата која се однесува на руската армија.

Имено, Дуда се осврна на времињата кога советските трупи беа стационирани во Полска.

„Тоа беше еден вид окупација бидејќи беа стационирани без наша согласност. Ние како млади на демонстрациите извикувавме: „Совети, одете си дома“. Таков слоган постои и во Украина, но се однесуваат на руските бродови“, рече Дуда.

Тој зборуваше и за тоа што може да им вети на руските војници доколку се повлечат од Украина.

„Ако Русите го направат она што треба да го направат, т.е. си одат дома и ги повлечат своите војници од Украина, јас ќе бидам првиот што ќе го земам телефонот и ќе му се јавам на Зеленски и ќе му речам: „Не ги бомбардирајте додека се повлекуваат“. Тоа можам да им го ветам на Русите“, изјави Дуда.

Реакцијата на Зеленски на оваа изјава следеше многу брзо.

„А што ако е зафатено? Ми се јавуваш и телефонот е зафатен? Тоа им се случува на претседателите“, се пошегува Зеленски.

Малку порано претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати честитка до своите сонародници по повод 33-годишнината од независноста на земјата и порача дека се што прави во Украина ќе се врати во Русија како бумеранг.

„Денес ја славиме 33-тата година од независноста на Украина. И сето она што непријателот го донесе во нашата земја сега се врати во својот дом. И кој сакаше да ја претвори нашата земја во тампон зона, треба да размисли да спречи неговата земја да стане тампон федерација“, изјави Зеленски.

Би можело да ве интересира

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“