Дуда: Ако Русија ја победи Украина, може да нападне и други земји

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека Русија би можела да нападне други земји доколку нејзините сили победат во војната против Украина.

Тој додаде дека предвидува нов воен притисок од Кремљ во наредните недели.

Во интервју за Блумберг на маргините на Катарскиот економски форум, Дуда не рече дека нападот врз соседите на Украина е неизбежен, но предупреди дека сојузниците во НАТО се ранливи.

„Ако успеат да победат во Украина, ако успеат да ги остварат своите цели, ќе нападнат други земји. Тоа може да бидат балтичките земји, може да биде Финска, може да биде Полска“, рече Дуда.

Тој додаде дека се надева оти помошта за Украина ќе пристигне пред почетокот на новата руска офанзива која, според неговите очекувања, може да започне во пролетните месеци.

Би можело да ве интересира

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Полскиот претседател одби заедничка фотографија со светските лидери, поради Лукашенко

А1он

Политико: Полска го користи Дуда за да го сврти Трамп против Путин

Дуда ги повика европските лидери да и помогнат на Украина

ВИДЕО: Зеленски се сретна со Дуда

Ана Ололовска

Дуда: Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пржеводов единствено врз основа на меѓународното право