Државниот секретар на САД заминува на европска турнеја

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео од 6 до 9 мај ќе реализира посета на неколку европски земји.

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус информира дека Помпео на 6 мај ќе допатува во Финска, каде што ќе учествува на 11-от министерски состанок на Арктичкиот совет, а потоа ќе замине за Германија, каде ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел и со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

Средбата меѓу Помпео и Меркел ќе се реализира на 7 мај, на која ќе се разговара за Украина, Русија, Кина, Сирија и Западен Балкан.

Се наведува дека Помпео на 8 мај ќе допатува во Лондон каде што ќе има средба со британската премиерка Тереза Меј и британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант со кои ќе разговара за глобалните приоритети и билатералните односи.

Според соопштението, на последниот ден на европската турнеја, односно на 9 мај, тој ќе замине на Гренланд, каде што ќе се сретне со премиерот на таа земја Ким Киелсен, министерката за надворешни работи Ане Лоун Багер и шефот на данската дипломатија, Андерс Самуелсен, со кои ќе разговара во врска со заедничките приоритети на Северниот Пол и за поголема соработка со Гренланд.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија