Јавниот обвинител на сојузната американска држава Њујорк побарала по судски пат 40 милиони долари отштета од американскиот магнат за недвижности Доналд Трамп поради водење на лажен Универзитет „Трамп“, кој им ветувал на студентите дека од нив ќе направи богаташи, но за скапата школарина не им понудил речиси ништо.
Обвинителот Ерик Шнајдермен истакнува дека, во периодот од 2005. до 2011. година, многумина од 5.000 студенти, кои плаќале и до 35.000 долари за школување, очекувале дека барем дека ќе го запознаат Трамп, но се што добиле од скапите и главно бескорисни семинари било тоа што се фотографирале пред фотографијата на еден од најбогатите луѓе на светот.