Јапонската крајбрежна стража соопшти дека денеска на плажа во Јапонското Море допловил мал дрвен бод на кој што биле пронајдени осум тела, од кои повеќето се претворени во костури.
Тие изјавија дека се обидуваат да го утврдат идентитетот на жртвите, а според некои експерти станува збор за севернокорејски рибарски брод.
– Северна Кореја ги принудува луѓето да ловат повеќе риба со цел да се надомести недостигот на храна, констатираше Сео Ју-сук од Институтот за северонокорејски студии во Сеул.
Според Јосхихико Јамада, професор на Универзитетот во Токио, најверојатно станува збор за настрадани рибари кои ловеле во Јапонското Море и биле зафатени од невреме.