Index.hr
Минатата недела, како што јави Вашингтон Пост, на небото над САД забележан е најголем број на случаи каде дроновите пречат во воздушниот сообраќај.
Во 8:51 наутро, на пример, бел дрон го изненадил пилотот на Џет Блу компанијата појавувајќи се покрај неговото лево крило неколку моменти пред авионот да се приземји на аеродромото во Лос Анџелес. Пет часа подоцна, уште еден дрон пролетал покрај авион на Алегиант Аира додека се приближувал на истата наведена писта. Исто така, пилоти на два помали авиони пријавиле дека едвај избегнале дронови на небото над небото во Сан Хозе и Ла Верна во Калифорнија.
Во Вашингтон пилот на Цесна пријавил дрон кој летал на недозволена висина над главниот град и така ги збунил пилотите на воените авиони на полетување. Во Луисвил речиси дошло до судир со авион за тренирање. Во Чикаго, летот 970 на Јунајтед Ерлајнс пријавил лет на дрон на 1000 метри височина.
Само за една недела во САД се забележани 12 случаи каде мали дронови се приближувале на авиони на аеродромите и на тој начин попречувале на воздушниот сообраќај.
Речиси 700 инциденти оваа година
До лани вакви случаи немало, но тие во последно време зачестиле поради зголемената продажба на овие летачки направи. Така оваа година забележани се околу 700 инциденти, што според статистиката која ја изнела Сојузната управа за цивилно воздухопловство, речиси три пати повеќе пријави имало во 2014 година. Сојузната управа за цивилно воздухопловство изрази загриженост поради овој проблем додавајќи дека тие се немоќни да го решат овој проблем.
До сега Сојузната управа за цивилно воздухопловство овој проблем го држеше во тајност, одбивајќи да објави документи во кои би се објавило каде и кога се случувале овие блиски средби. Сепак, новинарите на Вашингтон Пост дошле во посед на неколку стотици вакви извештаи, а Лаура Браун, портпаролка на Сојузната управа за цивилно воздухопловство, одби да ги коментира. Од нив јасно е дека дроновите на далечинско управување летале покрај некои најчувани аеродроми во земјата.
Дроновите задаваат главоболка и на агентите на тајните служби задолжени за чување на претседателот, стои во извештаите кои ги има новинар на Вашингтон Пост.
Така на пример, на 29 март еден дрон лебдел близу Вест Палм Бич на Флорида, т.е. на голф терен каде бил претседателот Обама. Портпаролот на Тајната служба Брајан Лери, го потврдил овој инцидент.
Само две недели подоцна, на 13 април, владата добила дојава за бел дрон кој лета во близина на Белата куќа. Веднаш полетале воени авиони кои биле пратени да го пресретнат дронот.
Овие два инциденти се случиле по случајот од јануари кога еден дрон се срушил во околината на Белата куќа што предизвикало загриженост кога е во прашање безбедноста на населението, пред се на претседателот на САД.
Исто така, беспилотните летала повеќе пати оваа година летале и околу воените бази.
На 10 јуни пилот на воен авион рекол дека дрон му се приближил на неколку метри од авионот. Две недели подоцна уште еден пилот пријавил дека дрон зуел под авионот.
Иако според закон е забрането дронови да летаат внатре во радиус од 5 милји од аеродромите, или над 120 метри висина, извештаите покажуваат дека тоа не се почитува, а дроновите се почесто лебдат опасно близу коридорите на кои и така има премногу сообраќај.
Освен околу аеродромските писти, пилотите гледаат дронови на сите височини, понекогаш дури и на височини од неколку илјади метри.
Од друга страна, паниката која завладеа поради близина на дроновите понекогаш е претерана. Така на пример, пилотот на летот 863 на Јунајтед Ерлајнс кој летал од Сан Франциско кон Сиднеј, пријавил дека неговиот Боинг 777 го удрил дрон, но на крај се покажало дека сепак се работи за птица.
И најмалите дронови можат да предизвикаат голема катастрофа
Во најголем број на случаи дроновите едноставно исчезнуваат без трага. Леталата најчесто се премали да ги фати радар, а за разлика од авионите, дроновите не се означени со сериски броеви и нивните сопственици не се обавезни да ги регистрираат.
Иако до сега немало инциденти, во многу случаи пилотите пријавиле дека дроновите им биле толку блиску што немале време да реагираат.
Мелани Хинтон, портпаролка на здружението на трговци, вели дека од Сојузната управа за цивилно воздухопловство ќе продолжи да ја едуцира јавноста за правилна употреба на беспилотните летала. – Американскиот авински систем е најбезбеден во светот и ништо не е поважно од безбедноста на нашите патници, екипажот и авионите – изјавила за новинарите на Вашингтон Пост.
Беспилотните летала претставуваат закана и за малите авиони кои летаат на помали висини. Така пилотот на еден таков авион пријавил дрон кој морал да го избегне со нагол маневар. Многу од видените дронови биле со мала тежина, но експертите предупредуваат дека и најмалите дронови можат да предизвикаат вистинска катастрофа ако погодат во пропелер, прозорско стакло или ако ги привлече моторот на авионот.
Овие мали леатла станаа многу популарни за рекреација, а за помалку од 500 долари може да се купи дрон опремен со софистицирана видео камера.
Здружението на корисници на електронска опрема, на пример, смета дека оваа година ќе се продадат околу 700.000 мали летала на далечинско управување, што е 63 отсто повеќе од 2014 година. Иако некои производители на овие играчки на загриженоста околу овој проблем одговорија со додавање на софтвер кој автоматски забранува приближување на аеродроми, секој малку поспособен сопственик на ваква играчка ќе најде начин таа забрана да ја премости, пишува Вашингтон Пост.