Дронови погодија складиште за нафта во Оман

Од:

Дронови погодија објекти за складирање нафта во пристаништето Салала во Оман, а локалните власти се обидуваат да го изгаснат големиот пожар што избувна по нападот, соопштија регионални и поморски безбедносни извори.

Според достапните информации, погодени се резервоари за гориво во пристаништето, додека нема извештаи за штети на трговски бродови во пристаништето.

Нападот привремено го наруши работењето на пристаништето Салала, еден од најважните логистички и енергетски центри на Арапското Море.

Овој инцидент е дел од поширок бран напади врз енергетската инфраструктура во Персискиот Залив. Иран во последните денови ги таргетира објектите за производство и складирање на енергија во регионот како одговор на нападите на САД и Израел врз ирански цели.

Експертите предупредуваат дека ваквите напади дополнително го зголемуваат ризикот за глобалниот пазар на енергија, бидејќи конфликтот сè повеќе се шири кон клучната нафтена инфраструктура и бродските правци во Заливот.

Би можело да ве интересира

Недостаток на гориво низ целиот свет, земјите воведуваат штедење и ограничувања

Нафта има се помалку, летовите поскапеа: авиокомпаниите во најлошата криза од пандемијата

(ВИДЕО) Обраќање на Трамп со закани кон Иран: нафтата скокна, берзите паднаа

Најголем месечен скок на цените на нафтата од Заливската војна во 1990 година

Горан Наумовски

Мировниот план на Трамп за Иран ги намали цените на нафтата

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време