Драма во Германија: Со ракети погодена трафостаница во близина на електраната Јеншвалде

Од:

Инцидент се случил на трафостаница во близина на електраната на лигнит Јеншвалде, во областа Шпре-Најсе, во јужниот дел на германската покраина Бранденбург.

Според „Märkische Allgemeine Zeitung“ (MAZ), повикувајќи се на извори од безбедносните и деловните кругови, објектот бил повеќепати погоден со ракети изработени по импровизиран пат и наполнети со експлозив.

Надлежните служби на местото пронашле и други направи, кои биле деактивирани. Засега не се познати точните карактеристики на ракетите што биле употребени.

Полицијата сè уште нема официјално потврдено дека станува збор за ракетен напад. Портпаролката на полицијата за телевизијата n-tv изјавила дека во околината на трафостаницата биле пронајдени повеќе импровизирани експлозивни и запаливи направи.

Истрагата за инцидентот продолжува, а засега нема официјални информации за мотивите или за сторителите.

Би можело да ве интересира

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

Улични пресметки во срцето на Европа: Протестите ја парализираа Белгија, маскирани групи ја нападнаа полицијата

Предраг Петровиќ

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он