Авионот со канадскиот премиер Џастин Трудо се расипал на Јамајка, каде тој бил на семеен одмор.
Сличен инцидент канадскиот премиер имаше и пред четири месеци во Индија, кога неговото полетување од таа земја беше одложено два дена поради механички дефект во авионот.
Канадските вооружени сили соопштија дека биле принудени да испратат втор авион со тим за поправка на авионот на Трудо, јавува „Би-Би-Си“.
Од безбедносни причини, премиерот на Канада мораше да отпатува за Јамајка во воен авион, каде што леташе на 26 декември, а проблемот со авионите беше откриен на 2 јануари, објави порано „Си-Би-Ес Њуз“.
Еден ден подоцна, беше испратен втор авион со тим за одржување задолжен за поправка на авионот во кој летал Трудо, а тој се врати во Канада на 4 јануари како што беше првично планирано, изјави портпаролката на канадското Министерство за одбрана.
И двата авиони се ист модел CC-144 Challenger што неодамна ги купи канадската војска.