Претставници од 120 земји од „Неврзаните“ денеска во Техеран го потпишаа документот со кој се овозможува Иран и други земји во светот да можат да ја користат нуклеарната енергија за мирољубиви цели.
Со овој документ се поддржува и создавањето на палестинската држава, објавија иранските медиуми.
Следниот Самит ќе се одржи во Каракас 2015, и тој според Министерот за надворешни работи на Венецуела, Николас Мадуро, ќе се се реализира во „еволуиран свет“ мислејќи на времето кога тој се планира да се случи, а до тогаш тие ќе работат на напредокот и изградбата на тој свет – мултиполарен, мултицентричен свет без хегемонијата на империјалистичките земји.