Доживотен затвор за Британецот кој уби шест свои деца

Од:

Британецот Мик Филпот (57), кој подметна пожар во семејната куќа при кој загинаа шест од неговите 11 деца, денеска е осуден од Судот во Нотингем на доживотен затвор.

Неговата сегашна сопруга Меирид (32) и нивниот пријател Пол Мозли, кои помагале во спроведувањето на монструозниот план на Мик Филпот, се осудени на по 17 години затвор. Судијата во овој процес нареди првообвинетиот Мик Филпот да остане во затвор најмалку 15 години, пред да може да побара ослободување.

Случајот со семејството Филпот, кој ја потресе британската јавност, се случи на 11 мај минатата година во англискиот град Дерби. Пожарникарските екипи се обидуваа да го изгаснат огнот, но и покрај брзата локализација, не успеаја да ги спасат децата. Пет од нив починаа на самото место, а шестото дете, син на Меирид Филпот од една нејзина претходна врска, почина подоцна во локалната болница.

Целиот план да се потпали куќата што на бројното семејство им ја доделила општината, давајќи им уште и целосна социјална помош за издржување на децата, Филпот го смислил за да ја натера својата поранешна партнерка да му се врати. Тој верувал дека за пожарот, кој според неговиот план требало само лесно да ја оштети куќата, ќе може да ја обвини поранешната сопруга и мајка на повеќето од настраданите деца.

Со неа водел битка за старателството врз децата, но и за тоа кој ќе ги добива државните социјални бенифиции.

Филпот бил убеден дека по „малиот пожар“ таа ќе му се врати, па тогаш одново ќе може да живее заедно, под еден покрив, со сопругата и со љубовницита, примајќи поголема помош и добивајќи и попространа куќа. Пожарот, меѓутоа, излегол од контрола, па се случи трагедијата.

Пробемите во ова необично „семејство“ настанале кога љубовницата решила да замине, па гневниот Мик Филпот одлучил, да и се одмазди. Во текот на судењето беше откриено дека Филпот е познат насилник и неработник, како и дека има полициско досије. Како млад тој бил осуден за претепување на својата тогашна девојка, кога таа решила да го напушти.

По пожарот и смрта на шесте деца, Филпот и неговата сопруга се појавија во јавноста барајќи помош во потрагата по „убијците“, но полицијата набрзо ги обвини родителите дека ги убиле своите деца за да освтварат право на поголема социјална помош.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот