Доставувач на Флорида претепа жена до смрт и ја запали, доби доживотен затвор

Од:

Американски доставувач на апарати вчера беше осуден на доживотен затвор затоа што претепа 75-годишна жена до смрт и ја запали во нејзиниот дом на Флорида. Судија на округот Палм Бич го осуди Хорхе Дупре Лахаз на две доживотни затворски казни, плус уште 30 години затвор. 24-годишникот во јануари беше осуден за убиство од прв степен, кражба и подметнување пожар, пишува NBC News.

Дупре Лахаз и уште еден маж испорачаа машина за перење и сушење на Евелин Смит Удел во Бока Ратон во август 2019 година. Откако ги поставил уредите, другиот човек излегол надвор и неколку минути подоцна слушнал врисоци. Ja нашол Удел на подот и се јавил на 911. Дупре Лахаз се оддалечил со камион за испорака, но подоцна бил запрен од полицијата.

На местото на злосторството, инспекторите пронајдоа гумен чекан и конзерва со разредувач што Дупре Лахаз ги користел за да ја запали собата со телото на Удел. На двата предмети имало отпечатоци од прсти на Дупре Лахаз. Полицијата, исто така, откри дека некој претурал низ паричникот на жртвата, што укажува дека кражбата била мотивот зад нападот.

Адвокатите на Дупре Лахаз за време на судењето не негираа дека 24-годишникот ја нападнал постарата жена, но тврдеа дека не се работи за убиство со умисла.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија