Изборната комисија на Замбија денеска потврди дека лидерот на опозицијата, Хакаинда Хичилема на претседателските избори во земјата го победи досегашниот претседател Едгар Лунгу.
Според комисијата, од седум милиони регистрирани гласачи, Хичилема освои 2.810.777 гласови, додека Лунгу е на второ место со 1.814.201 гласови.
-Потврдувам дека кандидатот Хичилема ќе биде новиот претседател на Замбија, изјави претседателот на изборната комисија, Есау Чулу, во преполниот медија центар во Лусака.
Убедливата победа што ја постигна Хичилем му овозможи да не мора да се натпреварува во вториот круг бидејќи освои 50,1 проценти од дадените гласови.
Изборите беа нарушувани од спорадично насилство, а Хичилема, поранешен извршен директор во сметководствена фирма, сега се соочува со „застрашувачка задача“ да ја смени економската ситуација во една од најсиромашните земји во светот.
Поранешниот претседател денеска објави дека ќе ги почитува резултатите од минатонеделните избори.
-Ќе дејствувам во согласност со уставните одредби за мирна транзиција на власта, сакам да му честитам на мојот брат, избраниот претседател, неговата екселенција Хакаинда Хичилемз, рече Лунгу во краткото телевизиско обраќање до нацијата, пренесено од британските медиуми.