Стив Бенон е осми уапсен поранешен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој е приведен поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид“.
– Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен во 2018 година призна дека е виновен за даночна измама, лажење пред Конгресот и финансиски малверзации околу исплатата на пари на две жени, кои наводно имале афера со претседателот. Трамп негираше дека бил во врска со жените. Коен минатата недела го објави предговорот на неговата книга, во која изнесува детали од периодот кога работеше за Трамп.
– Пол Манафорт, поранешен директор на предизборната кампања на Трамп издржува затворска казна од 7,5 години откако во август 2018 година беше осуден поради затајување на данок, а потоа се изјасни и за виновен за заговор и попречување на правдата.
– Роџер Стоум, пријател и политички советник на Трамп. Тој е осуден минатата година по седум обвиненија, вклучително и лажење на Конгресот, заплашување на сведок и попречување на постапката на конгресниот одбор и истрата на Роберт Мулер за Русија.
– Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност на Трамп, кој призна дека го лажел ФБИ за своите разговори со тогашниот руски амбасадор за наштетување на политиката на претходниот американски претседател Барак Обама.
– Џорџ Пападопулос, кој работеше на кампањата на Трамп беше 12 дена во затвор поради што ги лажеше истражителите за своите контакти со поединци поврзани со Русија за време на кампањата во 2016 година.
– Џорџ Надер, советник за надворешна политика во неформална каампања, осуден е на 10 години затвор во Вирџинија поради обвиненија поврзани со педофилија.
– Крис Колинс, првиот член на Конгресот кој го поддржа Трамп е осуден на 26 години затвор откако призна вина по сојузните обвиненија за тргување со инсајдерски информации.