ЕУ денеска додели уште 205 милиони евра наменети за хуманитарна помош за Украина, со што вкупниот износ на досега издвоените европски средства за храна, вода, здравствена заштита и сместување на Украинците погодени од војната достигна 700 милиони евра.
Европската комисија соопшти дека, преку досега најголемата мобилизација на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, сите 27 земји-членки, како и Турција, Норвешка и Северна Македонија, на Украина и обезбедиле повеќе од 38 илјади тони помош во вредност од 373 милиони евра.
ЕУ, исто така, формираше центри за хуманитарна помош во Полска, Романија и Словачка за побрзо доставување на помошта, како и две складишта за хуманитарна опрема во самата Украина.
Извор: МИА