Пакистан и ОН денеска во Женева ќе одржат голема конференција чија цел е да се соберат средства за обнова на земјата по минатогодишните разорни поплави.
Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, ќе ја претстави рамката на активностите за обнова, на собирот на кој уште е најавено да се обратат генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и францускиот претседател, Емануел Макрон.
„Ова е клучен момент глобалната заедница да застане со Пакистан и да се заложи за опоравување од овие разорни поплави“, рече претставникот на Пакистанската програма за развој на Обединетите нации, Кнут Остби.
Организаторите на конференцијата очекуваат на собирот да присуствуваат околу 250 претставници на влади и на држави, како и приватни донатори и меѓународни финансиски институции.
Обилните монсунски дождови и топењето на глечерите во септември минатата година принудија домовите да ги напуштат околу осум милиони луѓе, при што имаше најмалку 1700 жртви.
Обновата на опустошените региони се во тек, а за нив се проценува дека ќе биде потребно околу 16,3 милијарди долари, пред се за обнова на урнатите живеалишта и илјадници километри пруги и патишта.
Извор: МИА