Доналд Туск упати апел за глобална солидарност кон бегалската криза

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека би сакал светската заедница да пројави солидарност кон бегалската криза и да ја признае за глобален проблем, пренесуваат британските медиуми.

Туск, кој во Јапонија присуствува на самитот на Г-7, изјави дека од првите луѓе на седумтте индустриски најразвиени земји ќе побара поддршка и ветување за зголемување на глобалната помош, за да се пресретнат итните и долгорочните потреби на бегалците.

– Знаеме дека поради географијата, поголемиот дел од обврските по однос на бегалската криза се преземаат и ќе се преземаат од Европа. Ако ние, Г-7, не застанеме на чело на напорите за управување со оваа криза, никој тоа нема да го стори, додаде претседателот на Европскиот совет.

Туск изјавата ја даде пред денешниот почеток на самитот на лидерите од Г-7, во кој влегуваат Германија, Велика Британија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он