Доналд Трамп официјално стана нов претседател на САД

Од:

Доналд Трамп денеска во Вашингтон положи заклетва како 45-ти претседател на САД пред 90.000 луѓе на Капитол Хил.Тој порача дека ќе ја заштити Америка од доселениците кои ги крадат работните места на Американците и најави крај за проблемите со сиромаштијата, здравството и образованието.

Трамп беше претседателски кандидат на Републиканската партија на изборите на 8 ноември 2016 година. Претходно во два мандата функцијата шеф на државата ја извршуваше Барак Обама од Демократската партија.

На претседателските избори одржани во ноември минатата година, Трамп ја победи кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон со мнозинство електорски гласови, иако Клинтон доби речиси три милиони повеќе гласови од граѓаните. Тоа е петти таков случај во историјата на САД.

Трамп е највозрасна личност кој стапил на функцијата претседател на САД и прв без претходно искуство во американската влада или армија.

Списанието „Форбс“ во 2016 година го постави Трамп на 324 место на најбогати луѓе во светот со проценка за неговото богатство од 4,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња