Долниот дом на уругвајскиот Парламент ја легализира марихуаната

Од:

По жестоката дебата што траеше 13 часа, Долниот дом на уругвајскиот Парламент го усвои предлогот за легализација на производството на марихуана, со надеж дека на тој начин властите полесно ќе се справат со организираниот криминал.

Сега ваквиот Предлог-законот ќе оди пред Сенатот и ако биде усвоен и таму, Уругвај ќе стане првата земја во светот, каде производството, дистрибуцијата и продажбата на марихуана ќе се лиценцираат и регулираат.

Пратениците од владејачката коалиција во своите настапи нагласуваа дека ништо не чини доколку се направи обид, бидејќи глобалната војна против дрогата се покажала како „скап и крвав неуспех“.

Критичарите предупредуваат дека легализирањето на пазарот на марихуана може да се покаже како игра со оган.

Приврзаниците на легализацијата се надеваат дека ќе биде укината и една законска противречност, што произлегува од фактот дека пушењето марихуана во Уругвај е дозволено, но се противзаконски нејзината продажба, производство и поседување, па дури и само на еден насад.

Експертите оценуваат дека законот само ја утврдува реалноста дека пазарот на марихуана функционира веќе долго време, само што е незаконски.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда