Долниот дом на швајцарскиот Парламент изгласа забрана за носење хиџаб

Од:

Долниот дом на швајцарскиот Парламент денеска со незначително мнозинство изгласа забрана за носење на хиџаб.

Предлогот беше поднесен од десничарскиот политичар Валтер Вобман, кој во 2009 година поведе успешна кампања за забрана за изградба на нови минариња. 

Забраната за носење хиџаб треба да биде изгласана и во Горниот дом и од Владата за да стапи во сила.
Вобман, кој е член на антиимигрантската Швајцарска народна партија, изјави дека со забраната треба да се зачува швајцарската култура и да се ограничи радикалниот ислам. Тој инсистира и граѓаните да се изјаснат за забраната на референдум.

Изгласувањето на забраната за носење на хиџаб може да биде потешко во Горниот дом, бидејќи таму има партии кои се против забраната, меѓу кои и социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ