Долниот дом на јапонскиот Парламент ги усвои законите за драматичните измени во одбранбената политика, со кои се прошируваат овластувањата на јапонската армија – Силите за самоодбрана.
Опозицијата го бојкотираше гласањето во Парламентот.
Предлог-законите беа усвоени од Долниот дом на Парламентот, и покрај граѓанските протести и лошиот рејтинг на премиерот Шинѕо Абе.
Според критичарите на измените во одбранбената политика, ова ќе ја вовлече Јапонија во конфликти со учество на САД ширум светот и ќе го прекрши пацифистичкиот член 9 од повоениот Устав на земјата.