Доктрината на Трамп за надворешна политика: Ескалација за де-ескалација

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Надоаѓањето на доктрината на Трамп за надворешната политика може вака да се сумира: ескалација за де-ескалација.

За време на посетата минатата недела, државниот секретар Рекс Тилерсон најави новост со ветувањето на нов пристап кон Северна Кореја, кое следува по она што тој го нарече „неуспешна дипломатија“.

– Доаѓа зголемен притисок врз режимот во Северна Кореја и неговите кинески поддржувачи, а не е исклучен и превентивен воен напад врз Пјонгјанг, рече тој.

Она што бегло се забележа во првата прес-конференција беше предвидувањето на Тилерсон за иднината на долг рок на американските интервенции во странство. Објаснувајќи зошто тој и претседателот Трамп се уверени со предлогот за историските финансиски кратења за Стејт департментот и помошта за странство, Тилерсон рече дека администрацијата очекува дека „како што минува времето, ќе има се помалку воени конфликти во кои САД директно ќе се вмешуваат“.

Ова можеби звучи како контрадикција, посебно откако Трамп агресивно ја зголеми ангажираноста на војската на САД во неколку зони на конфликти уште во првите недели од претседателствувањето. Но постои и нова теорија во врска со доктрината на Трамп за надворешната политика која ги спојува и двете изјави. Администрацијата можеби ја спушта рампата за ангажираноста на САД на краток рок во кризните зони како средство за пронаоѓање на стратегија за излегување.

– Наводниот пристап можеби ни ја открива доктрината „ескалација за де-ескалација“ , вели Алекс Гало, висок истражувач во во Центарот за стратешки и меѓународни студии. „Трамп можеби сака да ескалира во некои области за да наметне преговори каде актерите можеби и не се заинтересирани или вољни да преговараат на друг начин“.

Тоа е стратегија која Трамп ја користи во неговите бизниси со децении – спротивстави му се на непријателот и јавно да излезе со предлог пред да се постигне договор.

Трамп ги зголемува американските воени ангажмани и активности во Сирија, Ирак, Јемен и можеби наскоро и во Авганистан. Тој ги засили санкциите врз Иран со ветување дека со текот на времето ќе го ревидира нуклеарниот договор. Во однос на Кина, Трамп ескалира со контактирањето со претседателот на Тајван, и ставајќи ја под знак прашалник политиката за една Кина, а потоа по неколку недели се повлече.

Проблемот со припишување на каква било посебна доктрина за надворешната политика на администрацијата на Трамп е ако се претпостави дека тоа се прави намерно. Постојат неколку конкурентни центри на моќ за надворешната политика во самата администрација, и излегува дека многу одлуки се донесени ад хок.

Едно е јасно, а тоа е дека доктрината на Трамп не е целосно разработена е што советникот на Трамп за национална безбедност, Х.Р Мекмастер, минатата недела избра висок претставник за стратегија кој целосно не се согласува со забелешката дека воените алатки треба да се потпираат на решавање на проблеми, и дека е мудро американското невмешување.

Надја Шедлоу ќе биде заменик асистент на претседателот и член во Националниот совет за безбедност (НСЦ) одговорна за пишување на официјалната национална стратегија за безбедност на администрацијата на Трамп, ми кажа портпаролот на НСЦ, Мајлл Ентон. „Овој документ треба да биде водич за националните политики за безбедност на администрацијата. Нјезината неодамна објавена книга „Војната и уметноста на владеењето“, е силна поддршка на важноста на политичката димензија на воените операции, и јасно отфрлање на брзото излегување по интервенирањето.

Шедлоу уверливо тврди дека во повеќе од 100 години историја на американски воени интервенции во странство, покажуваат дека САД постојано прави грешки фокусирајќи се на тактичките операции и игнорирањето на тешката работа во политичкиот развој и реконструкциијата – не исклучиво градење на самата држава, туку одржливо внимание откако бомбите ќе престанат да паѓаат.

-Неразбирајќи дека просторот помеѓу војната и мирот не е празен – туку пејасж гладен за политички, економски и безбедносни ривали кои бара постојано внимателно следење – американската надворешна политика ризикува под дифолт да биде сведена на реактивни и тактички фокусирања на воените инструменти, напиша Шедлоу во 2014 година во уреднички моментар на веб страната „War on the Rocks“.

Белата куќе одби да коментира за тоа како тој став за американската моќ се совпаѓа со ставот на оние од Белата куќа, кои го поддржуваат пристапот на Трамп за надворешната политика под слоганот „!Америка на прво место“.

Шедлоу, Мекмастер и други високи претставници кои веруваат во мека моќ, меѓу кои е и секретарот за одбрана Џим Матис, можеби ќе можат внатрешно да влијаат на политичките правци и да ја доведат администрацијата на Трамп да спроведува одблиску растурање на надворешната политика на САД која се води уште од Втората светска војна. Како алтернатива, тие може ќе станат маргинализирани од највисоките советници во Белата куќа, а националната стратегија за безбедност која и е доделена на Шедлоу за развивање може да стане чисто академска вежба.

Ако матрицата на Трамп “ескалација за де-ескалација“ прерасне во неговата суштинска доктрина, резултатите се без сомнение предвидливи. Ккао што читаме во книгата на шедлоу, историјата покажува дека кога САД не е активно и континуирано вклучена во одржувањето на редот и стабилноста во странство, светот станува се поопасен, хаотичен и мрачен.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран