Доктор објави снимки од белите дробови на двајца кои прележале Ковид-19, од кој едниот не бил вакциниран

Од:

Ширум светот, делта сојот доведе до зголемен број на случаи на Ковид-19. Иста ситуација се забележува и во болницата во Сан Диего, каде доктор Алберт Хсијао, инаку радиолог, споредувал снимки на вакцинирани и невакцинирани лица.

На прашање на американската телевизија Еј-би-си, има ли разлика во клиничката слика кај вакцинираните и невакцинираните, наместо класичниот одговор, им испратил две фотографии. На левата е снимка на белите дробови на вакциниран човек, додека на десната е невакциниран.


„Како што гледате, разликата меѓу двете слики е драстична. На првата слика гледате црнило, тоа е воздух во белите дробови, полни со воздух и тоа е добро. На втората слика гледате белина, тоа е магла. Тоа се бели дробови на човек кој не бил вакциниран и на нив е видливо како ги оштетила инфекцијата“, вели докторот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“