Договорен состанок очи в очи-Ќе се сретнат Путин и Ердоган

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Таип Ердоган имаа телефонски разговор кој е оценет како многу позитивен, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој појасни дека Кремљ ќе информира подоцна за исходот од разговорот кој трае 45 минути, пренесе агенцијата ТАСС.

Ова е прв разговор на двајцата претседатели откако турската авијација без најава собори руски воен авион над границата на Сирија и Турција минатата година.

Тие изразиле одлучност да ги обноват меѓусебните односи и да се борат заедно против тероризмот, соопшти канцеларијата на турскиот претстедател.

Во првиот директен разговор двајцата лидери договориле состанок “очи в очи“ се наведува во соопштението. Ердоган претходно испрати писмо до Путин во кое се извинува и на семејството на погинатиот руски пилот и изрази подготвеност за обнова на односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид

Путин најави развој на руската арктичка зона и арктичкиот транспортен коридор

Горан Наумовски

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд