Додон: Молдавија се враќа на стратешкото партнерство со Русија

Од:

Претседателот на Молдавија, Игор Додон денеска на економскиот форум во Санкт Петербург (СПИЕФ) изјави дека земјата по осум години проевропска и антируска политика повторно се свртува кон Русија.

– Обичните луѓе често ме прашуваат: Зошто да трчаме за да се качиме на воз кој ги губи вагоните? Брегзит, истакна Додон додавајќи дека Молдавија има вредности поинакви од Западот.

Тој наведе дека Молдавија пред три години потпишала „заробувачки договор“ за асоцијација во Европска унија и оти поради тоа земјата трпи загуби.

– По осум години на проевропска и јасна антируска политика, по минатогодишните претседателски избори ние почнавме да ја поправаме ситуацијата и се враќаме на стратешкото партнерство со Русија, потенцира Додон.

Тој додаде дека поранешната советска република го отворила пазарот за ЕУ и тој бил преплавен од европски артикли.

– Изгубивме две третини од рускиот извоз, повеќекратно се намалија странските инвестиции, а во пораст е корупцијата. Или што би рекол народот: На хартија се изгледаше добро, но во суштина ништо не се доби, истакна шефот на молдавската држава.

Тој додаде дека Молдавија ќе го продолжи курсот на зајакнување на соработката со Русија и покрај скандалот со протерувањето на рускките дипломати.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија