Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо

Од:

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо. Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир „за нејзината неуморна работа за унапредување на демократските права на венецуелскиот народ, како и за нејзините напори за постигнување праведен и мирен премин од диктатура во демократија“, се вели во соопштението на комитетот.

Марија Корина Мачадо е венецуелска политичарка и индустриски инженер која моментално е лидер на опозицијата во Венецуела. Таа беше избрана за членка на Националното собрание на Венецуела од 2011 до 2014 година.

Во пресрет на објавувањето на добитникот на наградата, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавно повтори дека ја заслужува наградата за неговите дипломатски иницијативи и „решавање на седум војни“. Неговите соработници, вклучувајќи го и главниот претставник Стив Виткоф, „вршеа притисок врз комитетот да го признае како најдобар кандидат“ во историјата на наградата.

До 2024 година, Нобеловата награда за мир беше доделена 105 пати, вкупно 142 лауреати – 111 поединци и 31 организација.

Меѓу индивидуалните добитници, 92 се мажи, а 19 се жени.

Најмладиот лауреат досега е Пакистанката Малала Јусафзаи, која ја доби наградата на 17-годишна возраст во 2014 година, додека најстариот лауреат беше Џозеф Ротблат, кој беше награден во 1995 година на 86-годишна возраст за неговата работа против нуклеарното оружје.

За потсетување, Ласло Краснахоркаи ја освои Нобеловата награда за литература оваа година. Овој унгарски писател беше награден „за неговата моќна и визионерска креативност која, во средината на апокалиптичниот ужас, ја потврдува моќта на уметноста“.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Азербејџан: Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир

А1он

Заев: Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е инспирација за сите