Претседателот на Азербејџан: Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир

Од:

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир.

Алиев во интервју за телевизијата Ал Арабија изјави дека го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир заедно со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

– Тој навистина ја заслужува. Како што реков во Вашингтон, за неколку месеци направи чудо во Африка, во Азија, во Јужен Кавказ. И тоа е во неговиот карактер. Тоа е неговата природа. Тој сака мир. Тој е личност која воопшто не се вклопува во традиционалниот имиџ на западен лидер, рече Алиев, објави РИА Новости.

Трамп посредуваше во потпишувањето на мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија во август во Белата куќа.

Алиев и Пашинјан потпишаа заедничка декларација во која се обврзуваат на траен крај на конфликтот, воспоставување трговски и дипломатски односи, како и меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Во февруари, Трамп изјави дека заслужува Нобелова награда за мир.

Порано, јужнокорејските медиуми објавија дека потпретседателот на парламентарниот комитет за разузнавање на Јужна Кореја, Парк Сунг-вон, го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир.

Конгресменот Ерл Бади Картер поднесе формално барање до Нобеловиот комитет да го номинира Трамп за Нобелова награда за мир за неговите напори за решавање на конфликтот Иран-Израел.

Пакистанската влада, исто така, предложи да го номинира Трамп за Нобелова награда за мир за неговото посредување во пакистанско-индискиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он