До крајот на септември целосно обновување на производството на нафта во Саудиска Арабија

Од:

Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ објави дека производството во нејзиниот најголем објект „Абкаик“, оштетен при неодамнешниот напад со беспилотно летало, ќе биде целосно обновено до крајот на септември.

Саудиските власти денеска организираа посета на новинарите на постројките „Абкаик“ и „Кураис“ погодени од беспилотни летала и ракети, што предизвика потрес на глобалниот пазар на нафта.

Абкаик има капацитет да произведува до седум милиони барели на ден, од вкупното производство на Саудиска Арабија, кое во јули изнесуваше 9,65 милиони. Кураис има капацитет од околу еден милион барели нафта дневно и неговите резерви се проценуваат на 20 милијарди барели.

Тоа нафтено поле постојано често беше мета на милитантни групи. Бомбаши-самоубијци од Ал Каеда тврдат дека се обиделе, но не успеале да го нападнат комплексот во февруари 2006 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија