Човечките останки откриени во селото Таи По припаѓаат на убиената манекенка од Хонг Конг, Аби Чои. ДНК тестот потврди дека черепот откриен во големо тенџере со супа и двете нозе пронајдени во фрижидерот се останки на 28-годишната инфлуенсерка, изјави извор запознаен со случајот за „South China Morning Post“.
Некои делови од телото на Чо, вклучително и торзото и рацете, сè уште не се пронајдени, соопшти полицијата.
Полицијата во Хонг Конг поднесе пријава против поранешниот сопруг на моделот и инфлуенсерка Аби Чои, откако пред две недели беа пронајдени делови од телото.
Поранешниот сопруг на Чо, Алекс Квонг (28), неговиот брат Ентони (31) и нивниот татко Квонг Кау (65) се соочуваат со обвиненија за убиство, додека неговата мајка Џени Ли (63) е обвинета за попречување на истрагата, објави кинеската државна телевизија РТХК .
Грозоморниот случај излезе на виделина откако полицајците од Хонг Конг го пронајдоа телото на Чо, заедно со нејзината лична карта, кредитни картички и други предмети. Телото е распарчено, а остатоците се чуваа во фрижидер во рурална фарма во Таи По, предградие на Хонг Конг во близина на границата со континентална Кина. Во куќата била пронајдена и машина за сечење месо, електрична пила и облека.
Истрагата е покрената откако неколку дена претходно била пријавена за исчезната. Поранешниот сопруг на Чо беше уапсен на 25. февруари на фериботот на еден од островите, а неговиот брат и родителите беа уапсени еден ден претходно.
„Најдена е вдлабнатина на десната задна страна на черепот, патологот верува дека тоа е причината за смртта“, рече началникот на полицијата Алан Чунг. Тој додаде дека се верува дека Чои била нападната во автомобил и дека била во несвест кога била внесена во куќата.
Чои имала финансиски спорови со нејзиниот поранешен сопруг и неговото семејство за десетици милиони долари.