Kубанскиот револуционер Че Гевеара пред својата смрт го пишувал своето минато и секојденевие, а сега интегрално е достапен за сите на интернет.
На интернет страната www.chebolivia.org можат да се прочитаат оригинални написи од периодот од јануари до октомври 1967 година, кога Че Гевара живееше во планините во Боливија.
Боливискиот истражувач Карлос Сориа Галваро, на чија страна е објавен дневникот, изјави: „Целта на секој историски документ е на сите да им биде достапен, а благодарение на интернетот секој може да дознае што се случи пред 45 години“.
Пишуван со сино мастило, дневникот е воден во периодот кога Аргентинецот се обидуваше да крене селанска револуција во Боливија. Гевара беше убиен на 9 октомври, 1967 година, во заседа од страна на боливиските трупи.
Неговиот дневник беше префрлен во Куба, каде во 1968 година беше објавен, но со некои изменети делови, главно за да се пречисти јазикот кој го користи Че во истиот.