Дмитриј Песков: Немаме информации дали Сноуден се поврзал со руските власти

Од:

Кремљ нема информации за контакти на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедбност на САд Едвард Сноуден и руските власти, изјави денеска во Москва портпаорлот на рускиот претседател Владимир Путин.

Дмитриј Песков не ги коментираше повиците на американската Влада Русија да го протера Сноуден кој се очекува денеска да замине од Москва за Куба.

Сноуден пристигна во Москва од Хонгконг. Летот за Хавана е во 14.05 по локално време. Од Аерофлот вчера потврдија дека Сноуден се регистрирал за летот.

Запрашан дали Сноуден се поврзал со руските власти, Песков одговори: Немаме таква информација, воопшто немаме никаква информација за него.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот