Џулијан Асанж не успеа да влезе во австралискиот Парламент

Од:

Основачот на интернет страницата Викиликс и на истоимената австралиска полиитлка партија, Џулијан Асанж, на вчерашните избори не успеа да освои мандат во Горниот дом на Парламентот на Австралија, Сенатот, јави ИТАР-ТАСС.

Според се уште неофицијалните изборни резултата, Асанж освоил 25.666 гласа или 1,18 проценти.

Австралиските сенатори се избираат по сложениот систем на пренесување на гласовите, па се очекува пребројувањето на гласачките ливчиња да трае неколку дена.

На изборите за членови на Сенатот учствуваа 39 партии, а Викликс на Асанж се пласира на седмото место.

Инаку, на изборите за Долниот дом на австралискиот Парламент победи опозициската конзервативна Либерално-национална коалиција на Тони Абот, која освои 92 места во 150-члениот Претставничкиот дом, пред досега владејачката Лабуристичка партија, која доби 56 мандати.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски