Џулијан Асанж: Интернетот е закана за човечката цивилизација

Од:

Интернетот како најголемото средство за еманципација е трансформиран во најопасен поддржувач на тоталитаризмот, вели основачот на „Викиликс“ во својот авторски напис за српска „Политика“.

Џулијан Асанж пред неколку денови наполни точно една година откако влезе во амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде доби азил. Така се спаси од испорачување на Америка, која сака да му суди поради објавување на дела од нејзините димпоматски преписки. Во исто време, на светската сцена се појави и Едвард Сноуден, кој со своите откритија ги потврди тврдењата на Асанж дека телефонските раговори и активност на интернет се следат.

– Не ни се потребни повеќе алегорија и фантазија кога размислуваме за процесите и кафкијанството. Тоа ги напушти страниците на книжевните дела и сега живее меѓу нас, прогонувајќи ги најдобрите и најпаметните, вели Асанж.

Тој цврсто стои на ставот дека во последните две години, светот е сведок на исклучителна политичка радикализација која е поврзана со интернетот, чија едукативна функција е неверојатна, бидејќи интернетот довел до експлозија на јавно достапни информации.

– „Викиликс“ го сметам како сенка на сенката. Моќни групации поседуваат многубројни информации, а оние кои се достапни до јавноста, се дури смешни. Во доменот на информациите кои ги откривме досега, објавивме преку милијарда зборови. Ваквата состојба со интернетот, води кон нова транснационална дистопија во размери кои досега не се видени. Таа влијае на сите земји во светот, бидејќи сите имаат пристап до интернет. Се работи за најголема кражба во човечката историја, истакнува Асанж.

Како што вели Асанж, американската Национална агенција за безбедност, јавно признала на Конгресот дека за само еден ден, врши преку 1,6 милијарди преслушкувања на телефонски разговори, читање СМС пораки, мејлови, како и комуникација на друштенивте мрежи. Според него, со помош на софистицираниот уред за надзор, на секои 25 години бројот на население за зголемува двојно повеќе, додека капацитетите на надзорот се зголемуваат двојно за само 18 месеци.

– Луѓето не се свесни колку ова насилство ни се приближува се’ повеќе и повеќе. Верувам дека нашата надеж е да имаме што повеќе образовани луѓе. Не зборувам за формалното образование, туку за луѓе кои се длабоко свесни како човечката цивилизација функционира на политичко, индустриско, научно и психолошко ниво.

– Никој од нас не може да биде слободен во рамките на некој систем. Единстените луѓе кои ќе успеат да ја задржат својата слобода се оние кои добро го познаваат системот во кој се наоѓаме. Не е извесно дека ќе победиме, но нема друг пат за нас, заклучува Џулијан Асанж.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска