Џулија Галарад загуби во гласањето за лидер на австралиските лабуристи

Од:

Австралискиот премиер Џулија Галарад загуби денеска на гласањето за лидер на владејачката Лабуристичка партија, од поранешниот лидер и премиер Кевин Рад.

Гласањето за потврда на довербата во врвот на партијата, ја побара Галард, како актуелниот партиски лидер и премиер на Австралија, настојувајќи да го отфрли предизвикот на Рад, кој е поранешен лабуристички лидер и австралиски премиер.

На гласањето, Рад доби 57, додека Галард само 45 гласови, по што таа ќе мора да поднесе оставка и на двете функциии, а Австралија се соочува со предвремени парламентарни избори. Во 2010 година, на едно сосема идентично гласање во врвот на лабуристичката партија, Галард го тргна од лидерската функција тогашниот австралиски премиер, со партиски пуч на нејзините приврзеници.

Досегашниот лидер и премиер повика на гласање за партиската доверба, убедена дека ке го совлада Рад, настојувајќи за изборите што претходно беа закажани за 14 септември, да има посилна позиција. Наместо победа таа доживеа да биде поразена, онака како и Рад пред три години.

Австралиските аналитичари ја опишуваат состојбата во лабуристиката партија како „сапунска опера“ но во режија на Квентин Тарантино. Повеќе од три години трае отворената бирка меѓу овие двајца лабуристички полтичари. Галард беше три години лидер и премиер, но Рад остана попопуларен од неа.

Ова не беше прв обид на Кевин Рад чија политика е поболиску до лабуристичката левица, отколку до центарот на партијата, да и се реваншира на Гилард за тоа што го тргна од власт со партиски пуч.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски