Џоли со донација од 200 илјади долари за „Малала фондација“

Од:

Американската актерка Анџелина Џоли уплати 200 илјади долари во хуманитарното здружение за финансирање школување девојки „Малала фондација“.

Џоли изјави дека Малала Јусафзаи ќе ја води фондацијата која е наречена по неа.

Девојчето изјави дека тоа е најсреќен ден во нејзиниот живот. Здружението ќе финансира едукација на 40 пакистански девојки.

– Ве повикувам сите да ја поддржите фондацијата и да ни помогнете бразование за 40 девојки да претвориме во образование за 40 милиони, изјави Малала, пренесува Би-Би-Си.

Талибанците пукаа во Малала во октомври лани бидејќи се залагаше за школување на девојки. Таа моментно оди на училиште во Бирмингам во Англија и каде се опоравува од повредите и неколкуте операции. Таа потпиша и договор вреден три милиони долари за книга мемоари Јас сум Малала која ќе излезе наесен.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица