Џо Бајден ја повика турската влада да ги почитува правата на политичките противници

Од:

Вицепретседателот на САД, Џо Бајден, ја повика турската влада да ги почитува правата на своите политички опоненти по репресиите на антивладините протести во Турција, земја сојузник на САД во НАТО, пренесоа британските медиуми.

Турција има шанса до 2023 година да ја постигне својата цел и да стане една од 10-те најголеми економии во светот, но тоа не треба да ја трга настрана од демократијата, рече Бајден пред Американско-турскиот совет.

-Иднината на Турција му припаѓа на народот на Турција и на никого друг. САД не се индиферентни за тоа како ќе се развиваат настаните, рече Бајден.

Земјите со отворени општества, политички системи и економии, со демократски институции и цврста обврска кон универзалните човекови права, ќе бидат земјите кои ќе процветаат и ќе бидат најмоќните во 21 век, продолжи вицепретседателот.

-Денеска Турција има шанса да покаже дека нема потреба да избира меѓу економскиот развој и демократијата, системот што дава власт на победниците на избори и паралелно со тоа ги затвора оние кои се во опозиција, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД