Дистрибутерот на Кока-Кола во Русија, Coca-Cola HBC, соопшти дека повеќе нема да произведува или продава свои пијалоци во таа држава. Клиентите на дистрибутерот ги трошат последните залихи.
Coca-Cola HBC произведува и полни пијалоци под брендовите Coca-Cola, Fanta, Sprite, BonAqua, Burn, Fuzetea, Rich, Schweppes, Powerade и други.
На почетокот на март, Кока-Кола објави дека ја прекинува работата во Русија. Главниот извршен директор на компанијата, Џејмс Квинси, подоцна изјави дека Кока-Кола може „во одреден момент целосно да исчезне“ од таа држава.
Во својот извештај за првиот квартал на 12 мај, Coca-Cola HBC соопшти дека ја прекинала испораката на концентрат во Русија уште на 8 март и дека ќе го намали присуството на рускиот пазар.
Извор: МИА