Претседателот на компанијата Си Ен Ен, Џим Волтон, најави дека до крајот на годината ќе го напушти раководното место во компанијата.
Овој некогаш неприкосновен гигант на полето на вестите, битка бие да ја сочува гледаноста и рејтингот.
Имено веќе второ тромесечие гледаноста на Си Ен Ен е најниска во последните 20 години, а бројот на гледачите во однос на 2011 година е паднат за 35%.
„На Си Ен Ен му е потребен нов начин на размислување, нов почеток со нов лидер кој ќе донесе поинакви погледи и нов план“, рече Волтон кој на чело на оваа компанијха се наоѓа од 2003 година.