Здравствената состојба во Германија не е под контрола, бидејќи и покрај драстичните ограничувања, се шират нови мутации на коронавирусот, предупреди денеска директорот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер.
– Вирусот сè уште не е уморен, напротив, штотуку доби зајакнување, со британските и јужноафриканските мутации рече Вилер на прес-конференција.
Вилер предупреди дека „ситуацијата е далеку од тоа да е под контрола“, што ги урна надежите за скоро укинување на рестриктивните мерки.
Според Вилер, новите мутации на вирусот „сè уште не преовладуваат“ во Германија. Британската мутација е откриена во помалку од шест проценти од случаите, но присутна е во 13 од 16 германски региони.
Во Германија до денеска се регистрирани 2,264 милиони лица заразени со коронавирусот, а 60.597 лица починале од Ковид-19.