Директорот на Голдман Сакс: Инфлацијата ќе биде висока уште некое време, но не како во 70-те

Од:

Извршниот директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, тврди дека инфлацијата ќе расте уште некое време, но не очекува повторување на растот на трошоците забележан во 70-те години од минатиот век.

– Постои разумна шанса инфлацијата да се зголеми во одреден временски период, но тоа не значи дека ќе биде како во 1970-те. Треба да се биде внимателен и соодветно да се управува со ризиците, изјави тој во интервју за Си Ен Би Си.

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела предупреди на засилување на инфлаторните притисоци, особено во САД и рече дека американските централни банкари треба повеќе да се фокусираат на инфлаторните ризици.

Соломон укажа на „неизвесноста“ на глобалните финансиски пазари поради факторите кои ја вклучуваат Омикрон варијантата на коронавирус и на информациите за темпото со кое ФЕД и другите централни банки ќе го намалат купувањето средства.

– Се уште не сме излезени целосно од пандемијата. Ова создава несигурност и оваа неизвесност ќе влијае на економската активност. Покрај тоа, имаме промени во фискалната и монетарната политика за да се обидеме да го балансираме ова. Нема сомнеж дека овој период е без преседан и е многу тешко да се предвиди како ќе излеземе од сето ова, додаде Соломон.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %

Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

A1on