Директорот на Гамалеја тврди дека Спутник лајт двојно го намалува ризикот од зараза

Од:

Употребата на вакцината Спутник лајт двојно го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, изјави директорот на рускиот центар „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

– Постои опција „Лајт“ која е и прва компонента на вакцината Спутник В. Ако се употреби посебно, без втора вакцинација, можноста за зараза со овој вирус се намалува за 50 проценти, па дури и за 60 проценти, рече Гинцбург за телевизијата Русија 1.

Руското Министерство за здравство ја регистрираше вакцината Спутник лајт на 29 март. Вакцинацијата со овој препарат почна во Москва на 27 февруари.

Се очекува таа да штити од коронавирусот четири до пет месеци.

Би можело да ве интересира

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Спутник лајт обезбедува стопроцентна тримесечна заштита од омикрон

Катерина Ѓуровски

Австралија одобри влез со вакцината Спутник V

Ана Ололовска

Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

Ана Ололовска