Директорот на ЦИА Џон Бренан презеде кампања за притисок врз вработените од разузнавањето да ги чуваат тајните по неколку објавувања доверливи информации во медиумите.
Во писмо до вработените во ЦИА, Бренан посочува дека кампањата Почитувајте ја заклетвата, има за цел „да се засили корпоративната култура на тајноста“ во ЦИА преку обука и подготовка, јавуваат американски медиуми кои наведуваат дека текстот на писмото не е со назнака – тајно.
Бренан пишува дека кампањата е преземена по анализата на безбедноста во ЦИА почната лани по неколку анонимни објавувања на информации и публикации на вработени на високи позиции.