Извршната директорка на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН), Беатрис Фин, рече дека, денешниот повик кој групата го добила неколку минути пред официјалното објавување на Нобеловата награда за мир, го толкувала речиси како добродушно шега.
Фин, како што вели, не верувала дека Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје добилa Нобелова награда сѐ до моментот кога името на групата било изговорено на официјалното место во главниот град на Норвешка, Осло.
Таа истакна дека наградата испраќа порака до сите земји со нуклеарен арсенал и до сите држави кои се потпираат на нуклеарно оружје за безбедност, дека тоа е неприфатливо однесување.
– Не може да се закануваме со неселективно колење на стотици илјади цивили во име на безбедноста. Така не се гради безбедноста, истакна Фин.