Јеменските власти соопштија дека странските дипломатски мисии во државата го ограничиле движењето на вработените и активностите ги свеле на минимум, откако вооружени напаѓачи убиле припадник од обезбедување на германската амбасада.
Повеќето дипломатии ги откажаа состаноците надвор до амбасадите, освен состаноците со највисоките официјални лица на Јемен.
Министерството за инвестиции, соопшти дека планираниот состанок со еден западен дипломат е откажан и дека ќе биде одржан во амбасадата.
Засилено е обезбедувањето околу амбасадите, хотелите и поголемите продавници.
Вооружани напаѓачи убиле еден припадник на обезбедувањето на германската амбасада во Сани, на паркинг пред продавница, додека бил во автомобил со дипломатски таблички.
Елена Георгиевска